доц. д-р Александар Нацев e Извршен Директор на ЦБИ и Декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот Универзитет во Скопје. Тој се здобива со титула доктор на науки од областа на безбедноста од Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје. Неговото претходно работно искуство е како дипломат во Мисијата на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел, а ја извршувал и функцијата директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Неговите истражувања се претежно во полињата на безбедноста, одбраната, информациската војна, разузнавањето и контраразузнавањето. Автор е на три книги и голем број научни трудови од областа на безбедноста. Активно ги користи англискиот и германскиот јазик. | |
Јане Јанчески е Заменик Извршен Директор на Центарот за безбедносни истражувања. Неговата работа е главно насочена во областите на корпоративната безбедност, индустриската шпионажа и прибирање и анализа на податоци од отворени извори. Активно го користи англискиот јазик. | |
д-р Митко Вељуслиев се здобива со титула доктор на науки од областа на безбедноста од Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје. Тој e вработен во Министерството за одбрана на Република Македонија. Неговите истражувања се претежно во полињата на безбедноста, одбраната, разрешувањето конфликти, мировните истражувања и меѓународните безбедносни организации. Автор е на голем број научни трудови од областа на одбраната. Активно го користи англискиот јазик. | |
м-р Оливер Ристески е Самостоен инспектор во Министерството за внатрешни работи. Се здобива со титулата магистер на науки од областа на криминалистиката и криминологијата на Факултетот за безбедност – Скопје. Неговото работно искуство во Министерството за внатрешни работи е справување со современи безбедносни предизвици. Неговите научни истражувања се претежно од областа на безбедноста, информатичката безбедност, сајбер безбедноста, компјутерскиот криминал и современите форми на неовластено навлегување во компјутерски систем. Автор е на повеќе научни трудови. Активно го користи англискиот и францускиот јазик. | |
м-р Мартин Стојановски е Советник за надворешни односи и соработка во Центарот за безбедносни истражувања. Неговото претходно работно искуство е на раководни позиции во неколку приватни компании, и е експерт за релации со медиуми, комуникации и корпоративни односи. Активно го користи англискиот јазик. | |
Раби Седрак се вклучи во работата на Центарот за безбедносни истражувања како независен истражувач во септември 2019 година. Тој е специјален координатор за програмата за контратероризам, која ја покрива Југоисточна Европа. Неговите истражувања се во доменот на илегалната миграција, тероризам и контратероризам со акцент на Ал Каеда и ИСИС, радикализација, политичкиот ислам и европската безбедност. Дополнително, Раби е магистрант на безбедносни студии на Џорџтаун универзитетот во Вашингтон. Во 2013 година, Раби го дизајнираше Програмот за балканска интеграција и имиграција, кој е алатка кој им помага на земјите од Југоисточна Европа да ги контролираат и да ги интегрираат брановите бегалци кои ја погодија Европа од 2011 година наваму, како последица на војната во Сирија. Раби е јавен говорник и многу често може да се види на медиумите. | |
Горан Видески има повеќе од 15 години искуство во специјални единици и неколку учества во мировни мисии, за што е одликуван со НАТО Медал за служба од страна на Генералниот Секретар на НАТО. Тој има завршено неколку високи курсеви во САД, Кина и други држави и е експерт за контратероризам, безбедност и блиска борба. Активно го користи англискиот јазик. | |
Сашо Захариев е поранешен припадник на специјалните сили на Армијата на Република Македонија, а од 2007 година до денеска, работи како безбедносен консултант во Ирак, Авганистан, Сирија и Либија за реномирани компании од областа на безбедноста, како GardaWorld и G4S. Во периодот до 2007ма година, како припадник на ПСО има завршено основен и напреден курс за Специјални операции, падобранство и диверзии. Во 2005та година учествува во мисијата Слобода за Ирак со 72 борбени задачи и е одликуван од МО и Претседателот на РМ. По напуштањето на АРМ во 2007ма година, специјализира во областа на менаџирање и проценка на ризик, обезбедување на ВИП личности, ексфилтрација на ВИП личности од кризни подрачја и има одлично познавање на регионот на Блискиот Исток. Активно го користи англискиот јазик. | |
Благоја Јанакиевски е експерт од областа на информатичката безбедност и дигиталната форензика. Моментално е вработен во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а неговото претходно работно искуство е како дипломат во Мисијата на Република Македонија при Европската Унија во Брисел. Неговите истражувачки интереси се претежно во полињата на безбедноста, етичкото хакирање, сајбер тероризмот и сајбер шпионажата. Активно ги користи англискиот и францускиот јазик. | |
Тамара Митковска е студент на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет во Скопје. Поседува професионални интереси во областа на националната безбедност, кризниот менаџмент, тероризмот и илегалната миграција. Таа зборува англиски јазик и има основно познавање од германскиот јазик. | |
Дарко Мирчески е вработен во Министерство за правда, на работно место командир на судска полиција во Основен суд Прилеп. Додипломски студии завршува на Воената Академија ,, Генерал Михаило Апостолски” – Скопје и моментално е на постдипломски студии на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот Универзитет во Скопје – отсек безбедност. Неговите професионални интереси и научни истражувања се насочени кон безбедноста, разузнавањето и кризниот менаџмент. Активно го користи англискиот јазик и има основни познавања на турскиот јазик. | |
Дејан Спасевски е вработен во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија. Додипломски студии завршува на Воената Академија ,,Ген. Михаило Апостолски” – Скопје и моментално е на постдипломски студии на Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје. Тој има 15 години работно искуство во доменот на заштитата и спасувањето, кризниот менаџмент и заштитата на критичната инфраструктура. Има учествувано на голем број меѓународни и национални вежби за заштита и спасување, но и во спасувачки операции, како на пример по земјотресот во Албанија. Активно го користи англискиот јазик. | |