Мисија и визија

Мисијата на ЦБИ е да им помогне на обичните граѓани, но и на донесувачите на одлуки да го направат најдобриот избор при донесувањето одлука, притоа потпирајќи се на најдобрите информации. Решенијата кои ги нуди ЦБИ се направени врз основа на најдобрите информации, најкредибилните методи и најдобрите експерти во одредената област. Ние сме посветени на објективни и квалитетни истражувања кои ги даваат најдобрите резултати и го нудат најдобриот пристап за справување со безбедносните предизвици.

Визија на ЦБИ, и наша цел, е да се пресретнат најсериозните безбедносни предизвици, со цел да се подигне граѓанската и општествената безбедност во Република Македонија. Токму затоа, нашиот фокус е насочен кон безбедносните предизвици во Република Македонија и регионот, и токму во таа област имаме еден мултидисциплинарен пристап, кој опфаќа широк дијапазон на анализи и истражувања.