Дома

Бројот на компјутерски измами извршени во светот значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, а за да ги постигнат своите намери, сторителите почнаа да користат нови алатки. Придружете ни се на онлајн дебатата која ја организира Центар за безбедносни истражувања, а која се однесува токму на влијанието на #COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот.
Деталите за логирање на ZOOM настанот ќе бидат достапни наскоро.

________________________________________________________________________________

11.08.2020 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, во која ги изнесе своите ставови по однос на моменталната политичка, безбедносна и здравствена состојба во државата.

________________________________________________________________________________

09.06.2020 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, во која ги изнесе своите ставови по однос на безбедносната состојба во државата, реформските закони од областа на безбедносниот сектор, како и безбедносните аспекти на корона кризата.

________________________________________________________________________________

29.05.2020 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев оствари средба со Министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев.

________________________________________________________________________________

27.04.2020 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев, на покана на Robert Schuman Institute (Budapest) одржа работилница за „Сајбер безбедност“.

________________________________________________________________________________

07.04.2020 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев даде интервју за престижниот Georgian Institute for Security Policy околу членството во НАТО, геополитичките случувања и регионалните динамики.
https://gisp.ge/en/nato-membership-the-macedonian-experience/?fbclid=IwAR2K9RJLUt5Sk9i0Lce3H_q-6jordq3XrR2YL_ih1KKW4em5bUg1uDnsonY

________________________________________________________________________________

06.02.2020 | Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на Јавната расправа по предлог законот за Агенцијата за разузнавање, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев имаше и свое обраќање во кое направи анализа на одредени одредби кои се предвидуваат во законот.

________________________________________________________________________________

26.01.2020 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев даде интервју за порталот „Лидер„ за состојбите во одбраната и следните чекори кои треба да се преземат во насока на интеграцијата во НАТО Алијансата.

________________________________________________________________________________

18.12.2019 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев учествуваше со свое обраќање на настанот “Чекајќи го ФРОНТЕКС”, во организација на Националната Конвенција за ЕУ во Република Македонија, каде имав и свое обраќање.

________________________________________________________________________________

11.11.2019 | Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев учествуваше на конференцијата “НАТО после 70 години”. Корисни дискусии и обраќање на германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.