Категорија: Настани

Учество на Првата сесија на Работната група 4Учество на Првата сесија на Работната група 4



Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на Првата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, што се одржа на 29 март 2018 година во Собранието на Република Македонија, на тема „Воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата“.

Учество на Научно-стручна дебатаУчество на Научно-стручна дебата



Претставникот на Центарот за безбедносни истражувања, г-дин Пеце Божиновски, учествуваше на Научно-стручна дебата по повод пакетот предлог законски решенија за следење на комуникации, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје.

Јавна расправа по предлог законот за следење на комуникацииЈавна расправа по предлог законот за следење на комуникации



Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев, учествуваше на Јавната расправа по предлог законите за следење на комуникации и за Оперативно-техничката агенција, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Во своето излагање тој се задржа на предложените решенија за користењето на метаподатоците и предолгиот рок за задржување на податоците од страна на телекомуникациските оператори. Тој исто така истакна дека е потребно да се направат уште интервенции во предлог законите, со цел законските решенија да не навлегуваат во приватноста и човековите права на граѓаните.

Учество на јавна дебатаУчество на јавна дебата



Директорот на Центарот за Безбедносни Истражувања, доц д-р Александар Нацев зеде активно учество на јавната дебата организирана од Европско движење во Република Македонија на тема: „Kако до поголема заштита од неовластено прислушување?“.
Дебатата е во контекстот на граѓанските иницијативи за поголема демократизација на општествените процеси.