Центарот за безбедносни истражувања вчера ја организираше работилницата насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која се одржа во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата се осврна на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.
(more…)Категорија: Настани
ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“
Центарот за безбедносни истражувања организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која ќе се одржи во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата ќе се осврне на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.
Говорници на настанот ќе бидат директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев и специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Настанот ќе биде модериран од г-ца Драгана Каловска, и ќе започне од 18,00 часот, на 23.02.2021 година (вторник). Линкот за следење на настанот е следниов:
Линкот за пристапување кон настанот е:
https://us02web.zoom.us/j/84224291890
Meeting ID: 842 2429 1890
Гостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија АлфаГостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија Алфа
Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на ТВ Алфа, во која зборуваше за најновото рангирање на светските армиии на Global Firepower, за АРМ, за одбраната и за скандалот со НАТО безбедносните сертификати.
Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк:
Интервју на д-р Александар Нацев за порталот „САРИСА“: ЦБИ е авангарда во истражувањето на безбедносните и одбранбените предизвициИнтервју на д-р Александар Нацев за порталот „САРИСА“: ЦБИ е авангарда во истражувањето на безбедносните и одбранбените предизвици
Директорот на Центарот за безбедносни истражувања даде свое интервју за веб порталот „Сариса“, во кое зборуваше за функционирањето на ЦБИ, кадровската екипираност на ЦБИ, и за идните планови на организацијата. Подолу можете да го прочитате целото интервју.
(more…)Гостување на директорот Нацев на „Радио Лидер“Гостување на директорот Нацев на „Радио Лидер“
Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на „Радио Лидер“, во која ги изнесе своите ставови по однос на моменталните односи на релација Република Македонија и НАТО, скандалот со безбедносните сертификати, состојбата во Армијата на Република Македонија, како и работата на Министерството за внатрешни работи.
Претставници на ЦБИ учествува на работилницата “Како да се избегнат замките на пропагандата?”, во организација на EstimaПретставници на ЦБИ учествува на работилницата “Како да се избегнат замките на пропагандата?”, во организација на Estima
Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на работилницата “Како да се избегнат замките на пропагандата?”, во организација на Estima. Работилницата обработи теми кои се однесуваа на употребата на дезинформациите и лажните вести, и како тие може да се употребат во геополитички и безбедносни цели, но и нивното влијание од новинарска перспектива.
Делегација на Центарот за безбедносни истражувања положи цвеќе на гробот на Гоце ДелчевДелегација на Центарот за безбедносни истражувања положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев
Денеска, 4 февруари, се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, најзначајната личност за формирањето и дефинирањето на современиот македонски идентитет, македонската држава и сѐ што претставува национална посебност, дури и во денешниот свет со изразени глобалистички тенденции на релативизирање на националноста.
По тој повод, делегација на Центарот за безбедносни истражувања, предводена од Советникот за надворешни односи и соработка, г-дин Мартин Стојановски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Со овој чин, ЦБИ им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.
Гостување на директорот Нацев на телевизија АлфаГостување на директорот Нацев на телевизија Алфа
Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во емисијата „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа, во која ги изнесе своите ставови по однос на моменталната безбедносна состојба во државата во контекст на најновите случувања со ветото од Република Бугарија, даде своја анализа на случувањата во доменот на одбраната, а изнесе и своја анализа во однос на терористичките активности во Европа, како и на процесите на дерадикализација и ресоцијализација на борците повратници од Блискиот Исток и Сирија.
Целото гостување можете да го погледнете на следниов линк:
ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“
Денес Тамара Митковска, која е дел од тимот на Центарот за безбедносни истражувања, присуствуваше на „НАТО Академијата 2020“, како учесник во оваа Академија. Предавањето беше одржано од страна на полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, кој зборуваше на теми поврзани со структурата на НАТО, политиките, операциите и донесувањето одлуки во рамки на НАТО, а се осврна и на членството на Македонија во НАТО. Инаку на оваа НАТО Академија учествуваат 45 студенти и млади професионалци од земјата и странство!
Онлајн состанок со „Бегин-Садат Центарот за стратешки студии“ од ИзраелОнлајн состанок со „Бегин-Садат Центарот за стратешки студии“ од Израел
Центарот за безбедносни истражувања ја започна соработката со еден од своите меѓународни партнери, водечкиот израелски институт за безбедносни истражувања „Бегин-Садат центар за стратешки студии” кој е во состав на Универзитетот Бар Илан од Израел. На денешниот онлајн состанок ги поставивме основите за понатамошна заедничка работа и ги дефиниравме областите од заеднички истражувачки интерес за двете организации.