Author: csrpost

Без ефикасен надзор – до повторување на историјатаБез ефикасен надзор – до повторување на историјата



Филип Павловски

Сите добро знаеме дека безбедносниот сектор е еден од најчувствителните и најкритичните области на делување во рамките на една држава. При извршувањето на своите работни задачи, безбедносните служби честопати користат најразлични методи и средства со што може да се доведе до злоупотреба на власта и кршење на човековите права и основни слободи. Затоа, надзорот врз работата на овие служби претставува еден од најголемите предизвици на сите демократии, а особено за оние помали држави кои своите долгорочни цели ги насочуваат кон исполнување на европските стандарди и политики. Имено, секоја држава има тенденција кон заштита на своите граѓани од најразлични закани и обезбедување нивна сигурност и нормален начин на живот со тоа што ќе пронајде решение за сè побројните и поразновидни закани за безбедноста, а истовремено да обезбеди и соодветен надзор над безбедносно-разнузнавачките служби. Иако, нашата земја успеа да избегне некои поголеми војни како тие што се случија во останатите републики од регионот и успеа да дојде до независност по мирен пат, сепак, предизвиците на безбедносен план се огромни.

(more…)

Влијанието на Интернетот врз младите во процесот на градење на безбедносна култура – закани и ризициВлијанието на Интернетот врз младите во процесот на градење на безбедносна култура – закани и ризици



Дарко Мирчески

Современата безбедност е комплексно прашање. Современиот безбедносен концепт мора да биде флексибилен и насочен кон дефинирањето на ризиците и заканите врз безбедноста не само на целото оштество, туку и врз самата единка (индивидуална безбедност). Безбедносната култура на овие индивидуи има за цел пред сè зачувување на вредностите во едно општество, притоа оправдувајќи ја својата превентивна улога.

Меѓу основните столбови на кое се потпира секое општество се јавуваат младите, гледајќи на нив како на “материјал” кој што треба да го одржува тоа општество и во иднина да го води низ современите предизвици. Да напоменеме дека во Република Македонија, под поимот млади подразбираме лица од 15 до 29 годишна возраст. Меѓутоа не може, а да не се спомене врската на младите со интернетот. (more…)

Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“



Центарот за безбедносни истражувања организираше настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“.

На настанот свои излагања имаа Извршниот Директор на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев, кој се осврна на асиметричните методи на влијание во изборниот процес и г-дин Раби В. Седрак, специјален советник за антитероризам во ЦБИ, кој зборуваше за терористичките закани, стратегии и тактики преку анализа на научени лекции од Блискиот Исток.

На настанот присуствува голем број на претставници на странски мисии и меѓународни организации, колеги истражувачи од сродни организации од Блискиот Исток и домашни безбедносни експерти и практичари.

(more…)

Криминалот и неговиот профит од корона кризатаКриминалот и неговиот профит од корона кризата



Тамара Митковска

Од декември, па се до денес се соочуваме со болест која го затекна светот од ненадеж. Пандемијата предизвика економско-општествена криза која го оттргна вниманието на властите од криминалот. Полицијата и војската се користеа при спроведување на карантинот, голем број бизниси пропаднаа и многу работни места беа загубени. Болниците беа, а и сеуште се преплавени со пациетни за кои нема лек, а оние кои патат од други болести останаа речиси и занемарени. Овој сплет на околности е идеален за пораст на активностите на криминалот ширум светот.

Во целокупната ситуација во која се наоѓаме, се запрашуваме каде се тука дополнителните активности на полицијата во време на пандемијата? Тие до сега  вклучуваа спроведување на полициски час, како и спроведување државен карантин, почитување на решенија за самоизолација, поддршка на персоналот од јавноздравствените установи во утврдување на контактите на заразено лице, посебни задачи и одговорности на граничните полициски службеници итн. Повеќе од јасно е дека овие дополнителни активности носат дополнителен, но и многу голем товар на и така растегнатите ресурси. (more…)

Како треба да изгледа еден полициски службеник?Како треба да изгледа еден полициски службеник?



Филип Павловски

Полицијата претставува јавен сервис кој е неизоставен дел од државната управа. Таа е институција преку која се вршат полициските работи од страна на полициски службеници. Нејзините основни цели се во согласност со принципот на владеењето на правото и се однесуваат на заштитата и почитувањето на основните човекови права и слободи кои се гарантирани со Уставот на Република Македонија, законите и ратификуваните меѓународни договори, како и заштитата на правниот поредок, спречувањето и откривањето на казнивите дела, преземањето на мерки за гонење на сторителите на казниви дела и една од најосновите цели на секоја полиција во светот е одржувањето на јавниот ред и мир во општеството. Сите овие цели се остваруваат од страна на полициски службеници, како овластени службени лица кои поседуваат полициски овластувања и своите полициски работи ги вршат согласно закон. Но, за остварувањето на сите овие цели, многу е значајно да се постави прашањето: Како треба да изгледа еден полициски службеник? (more…)

Онлајн настан „Влијанието на COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот“Онлајн настан „Влијанието на COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот“



Во организација на Центарот за безбедносни истражувања, се одржа онлајн настанот „Влијанието на COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот“. Предавачите се осврнаа на најчестите тактики за вршење сајбер напади, елаборираа неколку примери и дадоа препораки како да се заштитиме онлајн.

Како терористичките групи ја експлоатираат пандемијата со корона вирусотКако терористичките групи ја експлоатираат пандемијата со корона вирусот



Раби В Седрак

Ширењето на пандемијата на коронавирусот ја смени динамиката на повеќето политички процеси на локално, регионално и меѓународно ниво. Сепак, зачудувачки е дека актерите на сегашните терористички групи од различни идеологии, покажаа значителни способности за брзо прилагодување кон промените предизвикани од ширењето на коронавирусот. Навистина, некои терористички групи имаат тенденција да го користат вирусот како алатка за постигнување на своите цели, како што е обидот на некои терористи во Тунис да го шират вирусот меѓу припадниците на безбедноста на почетокот на овој месец. Преку набљудување на однесувањето на насилните екстремистички групи ширум светот во текот на изминатите недели, може да се идентификуваат голем број патеки преку кои вирусот влијае на движењето на ваквите екстремистички групи, поточно патеките што ги користат овие групи за да им служат на нивните цели.
Прочитај повеќе